Историска вечер за македонската женска кошарка, заслугата е на Бадел 1862

Екипата на Бадел 1862 вечерва ја извојува својата прва победа во регионалната ВАБА-лига и тоа е прв триумф на терен за еден македонски претставник во женската јадранска лига. Баделки славеа на гостувањето кај босанскиот тим Бановиќи со 70-57. Бадел доминираше во првите три четвртини, а Бановиќ успеа само да го ублажи поразот во финишот.

Во составот на тренерот Перо Стамески, најефикасни беа Ивана Кметовска со 24, Александра Стојановска со 18 и Цветанка Димова со 16 поени.

- Оглас -

Најнови вести