Историски ден за битолскиот спорт: Пелистер за првпат е финалист на плејофот во кошарка!

Пелистер го совлада Еуроникел со 91-83 и со 2-1 во победи се пласира во финалето на плејофот во македонското кошаркарско првенство. Во финалето кое се игра во три добиени, Пелистерци ќе играат со МЗТ Скопје Аеродром.

Исто како и во ракометот, така и во кошарка сезонава титулата ќе се слави во „Јане Сандански“ во Скопје или во „Боро Чурлески“ во Битола.

Кавадарчани лани беа финалисти, но овојпат ја загубија мајсторката, имаа 19 загубени топки, па битолчани за првпат ќе играат во кошаркарското финале.

Пелистер последната четвртина ја доби со 29-19 и заслужено се радуваше со своите фанови. Кесар со 25 поени беше најдобар поединец кај битолчани, но уште неколку поединци дадоа голем придонес.

- Оглас -

Најнови вести