Историски ден за Грузија, за нив дуелот со Турција ќе биде повеќе само од фудбалски меч

Не само љубителите на фудбалот, цела Грузија е на нозе, се одбројуваат часовите и минутите до дебито на Европското првенство во фудбал.

Во 18 часот, тимот предводен од селекторот Вили Сањол и ѕвездите Хвича Кварацхелија и Георги Мамардашвили, ќе игра против Турција во Дортмунд и тоа ќе биде прв историски меч за Грузија на големите натпреварувања.

Грузија, која има 3,7 милиони жители, е единствен дебитант на ЕВРО 2024, а до големиот настан стигнаа преку Лигата на нации,те исто како што и Македонија играше на претходното првенство, кога во финалето на Сегментот Д ја победивме токму Грузија.

Дуелите со Турција, Португалија и Чешка ќе им бидат незаборавни, без разлика на резултатот. Според квотите во Sport Life, Грузија и Албанија имаат најмали шанси за титула на ЕП во Германија. Но, едно е јасно, кога ќе ја слушнат грузиската химна за првпат на ЕП, тоа ќе биде емотивен и историски момент за целата нација.

- Оглас -

Најнови вести