Историски ден за макфудбалот – Македонски репрезентативци еден против друг во Ла Лига

Рајо Валјекано успеа да го совлада Леванте со конечни 2-1 низ маглата во Мадрид. Средбата од 17-тото коло во Ла Лига е посебен ден за македонскиот фудбал. За првпат во историјата во шпанската елита се сретнаа двајца македонски репрезентативци. Столе Димитриески на голот на домаќините беше подобар од Енис Барди.

Димитриевски беше на ниво на задачата, Македонецот се разбрани и запиша осум интервенции против екипата од Валенсија. Барди вообичаено во стартниот состав се обидуваше да го разигра својот тим до 78-мата минута, пред да биде заменет.

Автоголот на Тоњо во 23-тата минута им донесе радост на домаќините, а дури во вториот дел Леванте успеа да израмни. Во 60-тата минута погоди Рочина, но веќе по седум минути, Рајо ја врати предноста преку Де Томас и до крајот одолеа на притисокот на гостите.

Ова беше само трет триумф за Рајо по 17 средби во шпанскиот шампионат, по кој бележат вкупно 13 поени, но и натаму се наоѓаат во зоната за испаѓање. Леванте нареди два порази во низа по оној дебакл од Барселона со 5-0, па со тоа остануваат на средина на табелата со вкупно 22 бода.

- Оглас -

Најнови вести