Одбојката ќе биде само вториот екипен спорт, по женскиот ракомет, кој ќе биде домаќин на европско сениорско првенство. Нашата група, која ќе се игра во Скопје, вечерва ќе ја има својата премиера, а на паркетот ќе истрчаат репрезентациите на Македонија и Данска.
Според квотите во Sport Life, Македонија е фаворит со квота од 1.65, но според основната граница на поени, која изнесува 183.5, очекувањата се дека ќе се играат најмалку четири, а можеби и пет сета.
За одбојкарската репрезентација на Македонија ова ќе биде трето учество на континенталните собири, а најголемиот успех го постигнавме во 2019 во Љубљана, кога за влакно ни избега пласманот во осминафиналето.
Токму осминафиналето е нашата цел на ова Европско првенство, а имаме група по мерка за такво нешто. Во групата „Ц“ освен Македонија, ќе настапат и селекциите на Полска, Холандија, Чешка, Данска и Црна Гора. Најдобрите четири селекции продолжуваат помеѓу 16-те најдобри.
На Европското првенство кое освен во Македонија, се игра и во Италија, Бугарија и Израел, денес на програмата се вкупно седум натпревари.