21.8 C
Skopje
четврток, 24 јули 2025

Историски е голот на Ивоби постигнат на „Олд Трафорд“ за победа на Фулам

Само втор пат во последните 25 години Фулам успеа да го победи Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ во првенствен меч. Гостите од Лондон победија со 2:1, а пеколен беше финишот на овој меч.

Гостите водеа со 1:0 кога Хари Мегваер израмни на 1:1 во 89 минута. Главниот судија покажа дека ќе има надополнување од девет минути што наиде на радост кај домашните фанови кои очекуваа целосен пресврт.

Неколку шанси имаа домашните за 2:1, но голманот на Фулам, лено одлично бранеше. Се играше 97 минута кога Фулам направи контра напад, а Алекс Ивоби успеа да погоди за 2:1 за гостите и да ги шокира домашните фанови.

Погодокот на Ивоби беше постигнат во точно 96:04 минута и тоа е вториот најдоцна примен гол на Манчестер јунајтед со гол губи натпревар во Премиер лигата на својот „Олд Трафорд“.

- Оглас -

Најнови вести