Фудбалската репрезентација на Малезија 17 години немаше дадено гол на Азиско првенство, а денеска против Јужна Кореја постигна дури три, од кои првиот за паметење.
Стрелец беше Фаисал Халим, фудбалер кој во родната земја е познат под прекарот Мики. Мики даде фантастичен гол, понижувајќи ја одбраната на Кореја предводена од еден од најскапите дефанзивци на светот, Ким Мин-Јае од Баерн Минхен.
Средбата заврши 3-3, и тоа во голема драма. Кореја поведе со 3-2 од пенал на Хеунг-мин Сон од Тотенхем во 94-тата минута, но Малезијците израмнија во 15-тата минута од судиското продолжение.
Уште долго нема да го заборават тоа што денеска го направија, особено нивниот Мики, и што 20-тина минути водеа против моќниот противник.
Погледнете го голот на Халим:
Just caught the latest score in #KORvMAS, as huge shock developing. And then saw this…
What a finish from Faisal Halim. Can Malaysia hang on? #AsianCup2023 pic.twitter.com/OhyTeFrBxH
— John McAuley (@_JMcAuley) January 25, 2024