11.8 C
Skopje
понеделник, 3 ноември 2025

Историски меч во Холандија: Последнопласираниот тим победи со 8:2 !

Екипата на Хераклес по првите 10 кола во холандското првенство имаа само една победа и дури девет порази. Во тие 10 меча, Хераклес даде само седум погодоци, а прими дури 30, па сосема заслужено е закован на последното место на табелата.

Токму поради овие статистички податоци, сигурно никој не веруваше дека Хераклес денеска може да стигне до една од најубедливите победи. На домашен терен Хераклес го пречека тимот на Цволе и почетокот не беше ветувачки.

Гостите поведоа со 0:1 по само девет минути игра, но потоа се случи неверојатен пресврт. Во периодот од 18 до 32 минута, Јиз Хорнкамп постигна хет-трик и Хераклес поведе со 3:1. Потоа Цволе остана со фудбалер помалку поради црвен картон на еден гостински играч, што беше најава за потоп на гостите.

Играчите на Хераклес продолжија да напаѓаат и да постигнуваат голови, па во 67 минута веќе беше 7:1 за домаќините. До крајот на средбата имаше по еден погодок на двете страни, па на крајот се покажа ова дека е историски меч, затоа што Хераклес е првиот тим во историјата на холандското првенство што како фенерџија на табелата успеал во еден меч да постигне дури осум погодоци.

- Оглас -

Најнови вести