Селта Виго и Атлетико Мадрид одиграа 1:1 во последниот меч од осмото коло на шпанското првенство. Гостите кои беа фаворити за победа, поведоа со автоголот на Стерфелт уште во шестата минута.
Пред крајот на првото полувреме Ленгле доби црвен картон (втор жолт), па Атлетико остана со играч помалку.
Селта Виго се мачеше да израмни, а откако во игра влезе Јаго Аспас во 63 минута, работите се сменија. Искусниот 38-годишен докажан голгетер по само пет минути поминати на теренот успеа да даде гол и да израмни на 1:1.
Аспас на овој меч испиша историја на Селта Виго. Го одигра 533 натпревар, а вкупно има постигнато 216 голови. Едноставно Аспас е вистинска институција во шпанскиот фудбал.
До крајот на мечот, Селта Виго се обиде да направи целосен пресврт, но Атлетико Мадрид се одбрани. Интересно е дека за Селта Виго ова е шести меч сезонава со резултат 1:1, во само осум меча. Селта уште нема ниту една победа во првенството, но благодарение на шестте нерешени, тимот не е во зоната за испаѓање.