Екипата на Шемрок роверс победи минимално со 1:0 на гостувањето кај Молде во првиот меч од нокаут-фазата за пласман во осминафиналето од Конференциската лига на УЕФА. Овој меч имаше посебно значење и тоа поради стрелецот на единствениот гол.
Тинејџерот Мајкл Нунан донесе радост за гостите откако погоди во 57-мата минута, момент кој на крајот се покажа како решавачки. Нунен е стар само 16 години и 197 дена, а ова беше негово деби во европските купови и веднаш постави рекорд. Тој сега е најмладиот стрелец на погодок во европските натпреварувања.
Претходниот рекорд беше на Ромелу Лукаку, кој даде два гола на еден меч со 16 години и 218 дена во дресот на Андерлехт на меч против Ајакс во Лигата на Европа во 2009 година.
Историскиот гол на младиот ирски фудбалер може да го видите ТУКА.