Историски момент: Поставен рекорд по број на поени во еден меч на Евролига, Црвена ѕвезда немаше сили во Мадрид

Фенербахче немаше милост против најслабиот тим во Евролигата и со убедливи 103:68 славеше над Алба, во 32 коло на најсилната кошаркарска лига во Европа. Во центарот на вниманието беше Најџел Хејс-Дејвис кој имаше фантастично шутерско шоу и на крајот средбата ја заврши со 50 поени.

Ова е историско постигнување затоа што Хејс-Дејвис е првиот кошаркар кој ја достигна границата од 50 поени на еден натпревар во Евролигата. Хејс-Дејвис до рекордните 50 поени стигна за неполни 30 минути поминати на терен и тоа со биланс од 9/11 за два поени, 9/16 за тројка и 5/7 за слободни фрлања. На крајот стигна до бројката од 46 индекс на корисност.

Досегашниот рекорд по бројот на поени во еден меч од Евролигата го држеше Шон Ларкин кој во дресот на Анадолу Ефес постигна 49 поени на мечот против Баерн во 2019 година. Уште само 10 кошаркари постигнале 40+ поени на еден меч во Евролигата.

Реал Мадрид не дозволи изненадување на домашен терен и со пресврт во последните минути, стигна до победа од 101:94 над Црвена ѕвезда. Црно-белите од Белград водеа во најголем дел од мечот, во последната четвртина водеа со 84:77, а финишот имаа предност од 93:92, но на крајот загубија.

Во неизвесен меч, Панатинаикос победи со 81:79 над Виртус Болоња.

- Оглас -

Најнови вести