Крис Банкеро е кошаркарот чие име ќе биде запишано во историјата на кошарката како прв кој успеал да постигне кош за четири поени.
Искусниот 35-годишен Банкеро игра за тимот на Марсело болтс во првенството на Филипини, а историскиот момент беше на дуелот против Магнолија во ПБА-лигата (Кошаркарската лига на Филипини).
Досега шут за четири поени бил постигнуван во разни егзибициски дуели, како и во ВНБА олстар-меч, но никаде официјално не биле признати. Првенството на Филипини е прво и засега единствено во кое се смета шутот за четири поени и се брои како „четворка“.
Линијата за шут за четири поени е наместена на 8,23 метри, односно речиси еден и пол метар подалеку од линијата за три поени според прописите на ФИБА (6,75 метри).