26.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Историски момент во мак-фудбалот, за првпат е поништен гол по интервенција од ВАР!

На натпреварот Струга Трим Лум – Македонија Ѓорче Петров од првото коло во Првата македонска фудбалска лига, беше поништен гол по интервенција од ВАР соба, и тоа е историски момент во македонскиот клупски фудбал, бидејќи за првпат еден погодок не е признат по прегледување на снимка на лигашки меч.

Воведувањето на ВАР технологијата во ПМФЛ носи поголема регуларност, а доказ за тоа е и денешниот меч во Струга.

Компаоре во 42-ра минута даде гол за Струга за 1-0, но претходно играше со рака и тоа го забележаа судиите во ВАР собата, Никола Костенчев и Фуркан Идризи, па му јавија на главниот судија на терен Благојче Ралевски дека треба да го поништи погодокот.

- Оглас -

Најнови вести