Историски неуспех за Хрватска, познати се 20 учесници на кошаркарското ЕП

Кошаркарската репрезентација на Македонија ги загуби и теоретските шанси за пласман на Европското првенство, но затоа веќе се познати 20 од 24-те селекции кои ќе настапат на континенталниот собир.

Историски неуспех доживеа Хрватска, која првпат после прогласувањето на независноста нема да учествува на Европско првенство. Хрватите дома загубија од Франција со минимални 80-83, но Босна и Херцеговина беше убедлива со 108-62 против Кипар, па Босанците се тие кои патуваат на Европското првенство.

Четирите домаќини, Кипар, Финска, Летонија и Полска, веќе беа пласирани, а билет освен Босна и Херцеговина, обезбедија уште и Србија, Литванија, Словенија, Израел, Турција, Италија, Шпанија, Белгија, Грција, Грузија, Естонија, Велика Британија, Чешка, Португалија и Франција.

Остануваат уште четири слободни билети. Еден од нив ќе им припадне Исланд или Унгарија, додека најнеизвесна и без нитуедна сигурна репрезентација на Европското првенство е групата „Д“, во која се Германија, Црна Гора, Шведска и Бугарија, а само една од овие четири репрезентации ќе остане со празни раце. Решавачките натпревари во овие две групи се играат во недела.

- Оглас -

Најнови вести