Историски пласман: Холштајн Кил ќе игра во Бундеслигата!

Со ремито од 1-1 против Фортуна Диселдорф, екипата на Холштајн Кил обезбеди место во германската Бундеслига за следната сезона.

На едно коло до крајот, тимот од Кил има пет бода предност пред третата Фортуна, која веројатно ќе игра бараж за влез во елитната Бундеслига. Втор е Сент Паули кој утре со победа или нерешен резултат може да го обезбеди местото во Бундеслигата.

Холштајн Кил е клуб кој во далечната 1912 година бил шампион на Германија, но тогаш се играло по друг систем, а никогаш не биле членови на Бундеслигата откако таа постои како таква.

Пред 11 години, Холштајн од регионална лига влезе во трета лига. После пет сезони во трета лига, во 2018 влегоа во Цвајта во која двапати беа трети, но не успеваа да влезат во Бундеслигата. Овојпат им се посреќи и Кил кој е познат по ракометот, ќе добие елитен клуб и во фудбалска конкуренција.

- Оглас -

Најнови вести