Бостон селтикс го доби дербито на најтрофејните екипи во НБА-лигата против ЛА лејкерс со 121:113. Тимот од Масачусетс успеа да му се реваншира на актуелниот првак така што го освои „Стејлпс центарот“, а иако победата според резултатот не делува убедливо, гостите и тоа како си поигруваа со десеткуваните Езерџии, на кои уште им недостасуваат повредените Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.
Партија за паметење имаше Џејлен Браун. Крилото на Бостон постигна 40 поени и притоа заврши со процент на реализација од 85%, што го прави прв кошаркар во историјата на Селтикс да оствари ваков учинок. Браун буквално беше незапирлив за Лејкерс со 17/20 шут од игра, па за еден скок не оствари и дабл-дабл учинок.
Бостон од самиот почеток го диктираше темпото, а двоцифрената предност драстично се зголеми во последниот период, при резултат 111:86 за гостите. Лејкерси се разбудија во финишот и со серија од 21-2 на две минути до крајот успеаја да го ублажат вкупно 22-риот пораз сезонава.
https://twitter.com/NBA/status/1382921985496379395
Останати резултати НБА:
Кливленд 101:119 Голден стејт, Атланта 109:120 Милвоки, Феникс 122:114 Сакраменто.