Купер Флег, дебитантот во тимот на Далас маверикс, кого го прогласија за наследник на Лука Дончиќ, и одигра историски меч во НБА лигата и тоа втора вечер по ред. Откако неверојатно постигна 51 поен на мечот против Орландо и стана најмладиот играч кој ја надминал границата од 50 поени, ноќеска уште еднаш блесна и постигна 45 поени во победата над Лос Анџелес лејкерс од 134:128.
Со оваа победа, Далас ја прекина серијата од 14 порази по ред, што е најдолга губитничка низа во последните 32 години во клупската историја. Покрај 45-те поени, Флег имаше и осум скокови и девет асистенции, а е првиот дебитант кој два меча во низа постигнува над 45 поени по Ален Ајверсон во сезоната 1996/97.
Освен тоа, Флег надмина и еден рекорд кој беше во сопственост на Леброн Џејмс. Ова е четврти меч на којшто тој постигнува 40+ поени, нешто што претходно не му успеало на ниту еден тинејџер. Леброн како тинејџер трипати стигнуваше до бројката од 40+ поени. Неколку достигнувања на Флег се уште од времето кога играа Вилт Чемберлен и Карем Абдул-Џабар.
На дуелот меѓу Далас и ЛА лејкерс првпат се случи еден тинејџер и еден 40+ години кошаркар да имаат 30+ поени на ист натпревар затоа што покрај 45-те поени на Флег, Леброн заврши со 30 поени, но Лејкерс не успеа да победи на гости кај еден од најлошите тимови сезонава.
Резултати од мечевите одиграни ноќеска: Бостон – Торонто 115:101, Бруклин – Вашингтон 121:115, Чикаго – Феникс 110:120, Милвоки – Мемфис 131:115, Кливленд – Индијана 117:108, Минесота – Шарлот 108:122, Њу Орлеанс – Орландо 108:112, Оклахома – Јута 146:111, Далас – ЛА лејкерс 134:128, Сакраменто – ЛА клиперс 109:138, Голден стејт – Хјустон 116:117.

