Историски пораз на Голден стејт кај Бостон селтикс

Бостон селтикс на убедлив начин покажа зошто е најдобриот тим сезонава во НБА-лигата откако на неверојатен начин славеше против Голден стејт со 140:88. Оваа победа од 52 разлика е трета највисока во клупската историја на Бостон, а за Воините ова исто така е историки резултат, но во негативна смисла.

Оваа победа на Бостон е неверојатна, посебно ако се знае дека пред крајот од првата четвртина резултатот беше израмнет 21:21. Во тој момент Бостон заигра феноменално и со серија од 23:1, домаќините по првата четвртина имаа предност од 44:22.
Токму овој момент беше најавата дека ќе следува дебакл на гостинскиот тим. Како што одминуваше времето, така и се зголемуваше предноста на Бостон, кој на крајот победи со 52 разлика.

За Бостон ова е 11-та победа по ред сезонава, а овој тим има биланс од 48 победи и само 12 порази. Голден стејт се бори за место во плејофот на Западот и моментално е со биланс од 32 победи и 28 порази.

Многу понеизвесно беше на дуелот меѓу Минесота и Лос Анџелес клиперс, а на крајот гостите победија со 89:88. Далас на свој терен загуби од Филаделфија во меч на кој Лука Дончиќ направи уште еден подвиг. 

- Оглас -

Најнови вести