Јапонија ја прегази Кина со 7-0 во меч од третата фаза на азиските квалификации за Светското првенство 2026 година.
Голеадата ја почна Ендо, ја продолжи Митома, па два гола даде Минамино, погодуваа и Ито и Маеда, а точка стави Кубо.
Ваква фудбалска доминација на Јапонија над Кина не се памети, ова е најубедлив пораз на Кинезите во квалификациски меч и најтежок пораз од Јапонија, а за малку ќе го претрпеа и најубедливиот пораз во својата историја. Бразил им има дадено 8 гола во 2012 година.
Сензација се случи и во Австралија, каде што домашната селекција беше поразена дома од Бахреин со 0-1. Ова е историска прва победа за Бахреин на гости кај тим кој играл на СП и стана третата азиска селекција по Јапонија и Кина која ги победила Австралијците на нивен терен.
Големо изненадување е и ремито без голови на Јужна Кореја против Палестина.