Брајтон за 60 минути го прегази Манчестер јунајтед со 4-0, и ги исфрли Црвените ѓаволи од битка за место во Лигата на шампионите, па Кристијано Роналдо ако остане во клубот, ќе треба да се задоволи со настап во Лига Европа или Конференциска лига.
Јунајтед сезонава има примено дури 56 гола што е нивен неславен рекорд во Премиерлигата, а после 41 години, повторно загубија на пет лигашки гостувања по ред. Имаат и најмалку освоени бодови откако постои Премиерлигата.
Овојпат вината што одбраната делуваше смешно, не е кај Хари Мегваер, кој е дежурен виновник сезонава. Мегваер влезе во игра откако неговиот тим прими четири гола.