Историски потпис во Интер

Италијанскиот првак Интер и официјално го доведе првиот фудбалер кој доаѓа од Иран. Тоа е докажаниот голгетер Мехди Тареми кој на „Џузепе Меаца“ доаѓа како слободен играч откако летово му заврши четиригодишниот договор со Порто.

Тареми во 182 мечеви за Порто постигна 91 голови, а имаше и 56 асистенции, што беше доволен знак Интер да се заинтересира за негово доведување и на крајот да потпише договор без да плати ниту едно евро оштета.

Напаѓачот кој има и 86 настапи за селекцијата на Иран со биланс од 50 голови и 20 асистенции, со Интер потпиша договор до јуни 2027 година, а годишната плата ќе му изнесува три милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести