Историски промени во Премиер лигата: Прво жена, а сега по 15 години црномурест судија повторно ја делеше правдата

Премиер лигата во изминатите неколку дена направи две револуционерни промени, прво одреди жена да суди меч од најсилната англиска лига, а сега за првпат по 15 години и црномурест судија ја делеше правдата.

Само пред три дена, Ребека Велч го судеше мечот меѓу Фулам и Барнли, а вчера Сем Алисон стана првиот црномурест судија во Премиер лигата. Тој го судеше мечот меѓу Шефилд јунајтед и Лутон (2:3) и стана првиот црномурест судија во Премиер лигата по Ураја Рени. Реми за последен пат судеше натпревар од Премиер лигата во 2008 година, и тоа дуелот меѓу Ливерпул и Тотенхем (2:0).

Сем Алисон е поранешен фудбалер кој играл за екипи како Свиндон таун, Бристол сити, Ексетер и Борнмут, а од 2020 година е професионален судија.

- Оглас -

Најнови вести