Историски резултат на Кристал Палас на полувреме против Вест Хем

Екипата на Вест Хем изгледа уште не може да ја преболи елиминацијата од Лига Европа, па како да ги нема на терен во првото полувреме на гостувањето кај Кристал Палас.

На овој меч од Премиер лигата, по првото полувреме домашните водат со 4-1. Палас водеше со 3-0 после само 20 минути игра, нивен рекорд на „Селхарст парк“, никогаш порано немале толку рано три гола предност на премиерлигашки меч.

Менаџерот Дејвид Мојс пробуваше да ги разбуди своите играчи, и самиот е засрамен од ова што се случува. Мојс има 693 премиерлигашки мечеви во својата кариера, а првпат му се случи негов тим да губи со 0-4 после 31 минути игра.

- Оглас -

Најнови вести