Историски спуст: Стартот ќе биде во Швајцарија, а целта во Италија

Новата сезона на Светскиот куп во алпско скијање ќе започне наредниот викенд, со велеслаломската трка во Зелден, на вистински спектакл ќе биде спустот кој е закажан за 11-ти ноември, кој воедно ќе биде историски.

За првпат во историјата, скијачите за време на трката ќе скијаат во две држави, стартот ќе биде во Швајцарија, а целта ќе биде во Италија. Стартот ќе биде во познатиот скијачки центар Цермат кој се наоѓа во подножјето на познатиот врв Матерхорн во Швајцарија, а целта ќе биде во Чермини, Италија.

 

Историската трка требаше да се одржи минатата сезона, но поради лошите временски услови беше откажана.

- Оглас -

Најнови вести