Виктор Вембанјама продолжи со фантастичните игри, а со тоа и неговиот Сан Антонио продолжи да победува. Спарси утрово славеа со 107:101 над Мајами хит и за првпат во клупската историја една сезона ја започнаа со пет победи по ред.
Секако, повторно најголеми заслуги за триумфот одат кај 224 сантиметри високиот Французин. Вембанјама одигра 40 минути на теренот и имаше учинок од 27 поени, 18 скока, шест асистенции, пет блокади и една украдена топка. Центарот на Сан Антонио има неверојатна низа од 90 натпревари на кои има „залепено“ барем една блокада.
🔥 Victor Wembanyama şov devam ediyor. San Antonio sezona 5’te 5 ile başladı.
🏀 27 sayı
🗑️ 18 ribaund
🍽️ 6 asist
✋ 5 blok pic.twitter.com/AP25yvBcyo— Eurohoops Türkiye (@EurohoopsTR) October 31, 2025
Милвоки и без отсутниот Јанис Адетокумбо го победи Голден стејт со 120:110. Рајан Ролинс со 32 поени, Мајлс Тарнер со 17 поени и Кол Ентони со 16 беа најефикасни кај победничкиот тим. На спротивната страна, Стеф Кари постигна 27 поени, Куминга погоди 24 поени, а Џими Батлер заврши со 23 поени.
Шеј Гилџес-Александер постигна 31 поен, а тимот на Оклахома стигна до шестата победа по ред, откако без многу проблеми го совлада Вашингтон со 127:108. Единствен тим кој победил на гости во ноќната програма е Орландо, и тоа кај Шарлот со 123:107.

 
                                    