Историски триумф на Бенфика, на невиден начин стана европски шампион за фудбалери до 19 години

Португалскиот гигант Бенфика на доминантен начин дојде до својата прва титула во младинската Лига на шампиони, во која играат фудбалери до 19 години. Во денешното финале во Нион, Бенфика го растури Салцбург со 6-0.

Во досегашната осумгодишна историја на ЛШ за играчи од 19 години, ниту еден тим немаше дадено во финале ниту четири гола, а Бенфика против австриските врсници даде пет гола уште до 69-та минута.

Со ова, лисабонските млади Орли им се реваншираа на Црвените бикови од кои загубија во финалето во 2017 година. Бенфика досега имаше три финалиња и секогаш губеше, така беше и во претходното финале во 2020 (во 2021 не се играше) кога загубија од Реал Мадрид, но денеска покажаа дека во моментов се број 1 во Европа.

- Оглас -

Најнови вести