Македонската атлетика испиша историја, откако Андреас Трајковски обезбеди место во финалето на скок во далечина на Европското првенство во сала.
Членот на АК Работнички постави нов национален рекорд во сала со скок од 7,85 метри, со што го освои седмото место и избори пласман во завршната фаза на натпреварувањето кое се одржува во Апелдорн, Холандија.
Трајковски започна со скок од 7,51 метар во првата серија, потоа подобри на 7,77 метри, за во третата серија да достигне 7,85 метри.
Овој успех е историски, бидејќи тој е првиот македонски атлетичар што се пласирал во финале на Европско првенство.