Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски го освои осмото место во финалната серија во скок во далечина, на Европското првенство во сала. Во финалето, Трајковски најдобриот резултат го оствари со скок од 7,65 метри.
Овој резултат од финалето е за 20 сантиметри пократко од вчерашниот блескав скок, која Трајковски постави личен, но и државен рекорд со скок од 7,85 метри. Со тој скок, Андреас и си обезбеди место во финалето.
Трајковски е првиот македонски атлетичар кој беше дел од финална серија во една дисциплина на едно Европско првенство.