Историски успех за Франција, го победија непобедливиот шампион, и Макрон славеше на трибините

Франција за првпат после ЛОИ во Сиднеј 2000 година успеа да освои три медали на првиот ден од Игрите, а еден од тие медали е златото во Рагби 7 (скратена варијанта на рагбито, тимовите имаат по 7 играчи и полувремињата траат по 7 минути).

Антоан Дупон е јунакот на Французите, а меѓу 80-те илјади гледачи кои го следеа финалето помеѓу Франција и Фиџи, беше и претседателот Емануел Макрон.

Инаку, до пред овој меч, Фиџи имаше серија од 17 победи по ред на олимписките мечеви, и го освојуваше златото на претходните две олимписки игри во овој спорт. Но, вечерва Франција беше многу подобра и славеше со 28-7.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести