Одбојкарската репрезентација на Македонија по историскиот пласман во осминафиналето на Европското првенство и освоено 16-то место бележи одличен пласман и на најновата ранг-листа на ЦЕВ.
Одбојкарите се искачија на 20-тото место со 105 поени, колку што има и селекцијата на Летонија. На најновата ранг-листа на ЦЕВ се рангирани вкупно 38 репрезентации.
Ваквиот пласман ќе ни донесе и поволности во квалификациите за следното Европско првенство кое ќе се одржи во 2026 година, а допрва ги очекува нашите противници и форматот на квалификациите.
Женската одбојкарска репрезентација е на 33-тата позиција од 37 селекции, колку што се најдоа на најновата ранг-листа на ЦЕВ.