27.8 C
Skopje
петок, 15 август 2025

Историскиот потпис на Роналдо треба да биде ставен пред големото дерби во Саудиска Арабија

Кристијано Роналдо треба да пристигне во Саудиска Арабија за викендов и да го официјализира договорот со Ал-Наср, а има и причина зошто челниците на овој клуб сакаат целата работа да ја завршат до недела.

Веќе в понеделник се игра големото дерби меѓу Ал-Наср и Ал-Хилал, па потписот на Роналдо би бил само плус за зголемување на еуфоријата и поттик за домашните фудбалери да триумфираат против големиот ривал.

По девет одиграни кола во првенството на Саудиска Арабија, Ал-Наср е лидер со 22 бода, колку што има и Ал-Шабаб, а Ал-Хилал е трет со 20 бодови.

Најавите се дека договорот на Роналдо со Ал-Наср ќе биде најголем во историјата на фудбалот, а Португалецот ќе го носи дресот на овој тим во следните две и пол сезони и потоа би продолжил да работи како фудбалски амбасадор на Саудиска Арабија.

Доколку се реализираат сите овие најави и потпише за Ал-Наср, Роналдо ќе може да дебитира за новиот клуб по 1 јануари 2023 година.

- Оглас -

Најнови вести