Историско финале за Украина, Клаус поништи ретко виден гол (Видео)

Украина приреди подвиг и за првпат ќе игра во финале на Мундијалите за играчи до 20 години, а преживеаја вистинска драма и со помош и на ВАР-системот ја победија Италија со 1:0.

Булеца погоди во 65-тата минута за предност од 1:0, потоа Украинците имаа уште две шанси и удар во рамките на голот и можеа да бидат казнети во самиот финиш на првото полуфинале.

Џанлука Скамаса во последните моменти постигна еврогол со волеј од свртување, но судијата Клаус доби сугестија да го провери моментот за израмнување со помош на ВАР-системот.

Бразилецот одлучи да го поништи голот на Италија поради фаул и удар со лакотот на Скамаса, па Украинците се радуваа на историски успех и прв настап во финале на големите натпреварувања.

Вечерва во второто полуфинале од 20.30 часот ќе играат Еквадор и Јужна Кореја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести