Неверојатните игри на Никола Јокиќ во новата сезоната на НБА лигата продолжија и на четвртиот меч. Србинот и на натпреварот против Њу Орлеанс успеа да дојде до трипл-дабл ефект и на тој начин да израмни рекорд во НБА лигата.
Само двајца кошаркари претходно успеале да дојде до трипл-дабл на почетните четири меча, а Јокиќ сега е во друштво на Оскар Робертсон (61/62) и Расел Вестбрук (20/21). Србинот со евентуален трипл-дабл на следниот меч ќе влезе во вечноста како единствен со пет трипл-дабл на почетокот на сезоната.
Денвер славеше убедливо со 122-88, а Никола Јокиќ за само 28 минути на паркетот дојде до ефект од 21 поен, 12 скока и 10 асистениции. Во последната четвртина воопшто и не влезе во игра.
Резултати:
Бостон – Кливленд 125-105
Детроит – Орландо 135-116
Бруклин – Атланта 112-117
Чикаго – Сакраменто 126-113
Далас – Индијана 107-105
Денвер – Њу Орлеанс 122-88
Јута – Портланд 134-136
Минесота – ЛА Лејкерс 115-116
Феникс – Мемфис 113-114

