Ниту осум голови на „Џузепе Меаца“ не беа доволни за да има победник, па Интер и Јувентус одиграа 4-4 и освоија само по бод. Актуелниот шампион на Италија беше поблиску до победата, со оглед на тоа дека имаше предност од 4-2, но „старата дама“ успеа да се врати.
Во првото полувреме имаше пет гола и водство на Интер од 3-2, а Дамфрис во 53-тата минута донесе водство од два гола за Интер. Сепак, до крајот на мечот, Јилдиз двапати се запиша во листата со стрелците, во во 71-вата и 82-рата минута и ги постави конечните 4-4.
Интер сега има четири бода помалку од лидерот Наполи, додека Јувентус е на негатива од пет поени.