Истрагата откри нови детали за смртта на Коби Брајант

Според најновиот извештај на американскиот Државен одбор за сигурност во патувањето, падот на хеликоптерот во кој загина Коби Брајант не е поради дефект на моторот. Брајант, заедно со неговата 13-годишна ќерка Џијана и уште седум луѓе, беа во хеликоптерот кој се урна на 26 јануари во близина на Лос Анџелес. Никој не преживеа.

Сведок на несреќата вели дека неколку секунди пред да се сруши хеликоптерот летал кон напред и надоле. Истрагата засега продолжува, a фокусот ќе биде ставен на временските услови и на пилотот.

Хеликоптерот со кој летал Коби немал дозвола за визуелно летање во специфични услови. Тоа значи дека пилотот требало да се ориентира само на надворешната ситуација, без да користи дополнителни инструменти во текот на летот. Компанијата која го поседувала хеликоптерот немала дозвола за користење на Специјално визуелно летање, но од контролната кула, пилотот Ара Зобајан добил инструкции.

Иако хеликоптерот ги имал сите потребни икструменти и за летање во неповолни временски услови, фактот дека компанијата немала соодветната дозвола за такво нешто, значи дека хеликоптерот воопшто не смеел да полета тоа магливо утро кога видливоста била под дозволеното ниво за еден нормален лет.

 

- Оглас -

Најнови вести