Фудбалерите на Бразил направија шоу на пријателскиот меч против Тунис и победија со убедливи 5:1 на „Паркот на принцовите“ во Париз. Бразилците им понудија меч за уживање на гледачите, иако пред средбата не беа дочекани како што заслужува петкратен светски првак.
Пред почетокот на мечот, кога почна да се интонира бразилската химна, од трибините почнаа свирежи. Маркињос, кој е капитен на ПСЖ, збунето стоеше мирно и гледаше како бразилската химна ја исвиркуваат на стадионот на кој игра на клупско ниво.
На трибините на „Паркот на принцовите“ имаше неколку илјади туниски фанови кои решија да не ја испочитуваат химната на јужноамериканскиот гигант.