12.8 C
Skopje
понеделник, 10 ноември 2025

Италија без ѕвездата на Ливерпул против Молдавија и против Норвешка

Италија во ноемврискиот прозорец на ФИФА ќе игра против Молдавија и против Норвешка во обид да стигне до првото место во групата, но јасно е дека шансите за такво нешто се мали и ќе мора да се задоволи само со втората позиција и место во баражот.

И за овој собир, Гатузо нема да може да смета на Федерико Кјеза, кој повторно го одби повикот, а селекторот на Италија тоа го објасни пред новинарите.

„Често разговарам со него. Мора да ја почитуваме неговата одлука, но и проблемите. Морам да го почитувам тоа што ми го кажува играчот. Не можам ништо повеќе од ова да кажам. Ова е четврти или петти пат како го објаснувам тоа“, рече Гатузо.

Од друга страна, објаснувањето на Кјеза е дека не се чувствува 100% подготвен да се врати во репрезентацијата на Италија.

- Оглас -

Најнови вести