Од таборот на италијанската фудбалска федерација демантираа дека ќе се кандидираат за заедничко домаќинство со Саудиска Арабија за Мундијалот во 2030 година.
Италијанските медиуми тврдат дека и покрај одличните односи меѓу двете федерации, не постои никаква организација за Светското првенство во 2030 година да се одржи на два различни континенти, а земјата од каде што доаѓа новиот европски шампион да биде домаќин.
Наместо тоа, Италија ќе се кандидира за Европското првенство во 2028 година, откако успешно поминаа дел од натпреварите на последното ЕП кои се одиграа во Рим.