Италија долго го чекаше четвртиот тим во историјата на Калчото што ќе ги победи трите гиганти и најтрофејни екипи, Јувентус, Интер и Милан на гостински терен, а таков подвиг по 66 години вчера комплетираше Саусоло.
Со головите на двајцата италијански репрезентативци Распадори и Скамака, тимот на Сасуоло го победи актуелниот шампион на „Џузепе Меаца“ и ја комплетира триплетата за првпат по сезоната 1955/56.
Претходно го победија и Јувентус со 2:1 во Торино, а падна и Милан на „Сан Сиро“ со триумф на Сасуоло од 3:1.
Последна екипа пред подвигот на Сасуоло е Фиорентина, а Виолетовите нанижаа три гостински победи против Јувентус, Интер и Милан во сезоната 1955/56.
Само уште Торино и Виченца имаат идентичен поход, а и двете екипи го сторија тоа во сезоната 1946/47.