Италија доминира во европските купови, но само го израмни рекордот на Шпанија од пред 11 години

Италијанските клубови оваа сезона доминираат во европските купови и имаат дури пет претставници во полуфиналињата на трите европски купови. Миланските ривали Интер и Милан ќе играат во полуфиналето на Лигата на шампионите, Јувентус и Рома се помеѓу најдобрите четири во Лигата на Европа, Фиорентина е единствениот италијански претсвник во големата четворка на Конференциската лига, додека единствено елиминирани беа Наполи и Лацио.

Сепак, ова не е рекорд во европскиот фудбал, туку само израмнување на рекордот на Шпанија од 2012 година. Таа сезона Шпанија имаше два претставниви во полуфиналето на Лигата на шампионите и тоа Реал Мадрид и Барселона, кои беа елиминирани од Баерн Минхен, односно Челзи. Во второто по ранг натпреварување, Лигата на Европа, шпанците имаа дури три претставници, и тоа Атлетико Мадрид, Валенсија и Атлетик Билбао. Во ова натпреварување и финалето беше шпанско, бидејќи Атлетико во полуфиналето ја совлада Валенсија, додека Атлетик Билбао беше подобар од Спортинг Лисабон. Во финалето на двете екипи со слични имиња, подобра беше екипата од Мадрид.

Ефектот на Шпанија во сезоната 2011/2012 беше две екипи во финалето и еден трофеј, останува да видиме колку од петте италијански екипи ќе успеат да освојат некој од трофеите.

Сепак, резултатот на Шпанија е позначаен бидејќи тогаш во Европа се играа само две натпреварувања, а Италија оваа сезона има пет претставници, но во вкупно три европски натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести