Италија е веќе на ЕП, со резервен тим тешко ќе ја победи Македонија со двоцифрена разлика

Италија е фаворит против Македонија, денеска од 15 часот во Талин, но примамлив изгледа коефициентот од 1.88 во Sport Life за нашата репрезентација да не загуби со повеќе од 13 поени разлика.

Популарните „Аѕури“ се фаворити, но тие без разлика на пласманот во Б групата секако ќе играат на Европското првенство во 2022 година, бидејќи се еден од четирите домаќини, заедно со Чешка, Германија и Грузија.

Патем и Италијанците поради недоразбирањата меѓу УЛЕБ и ФИБА ќе играат без своите кошаркарски ѕвезди, па со резервен тим тешко дека ќе успеат да победат убедливо, иако се големи фаворити.

„Свесни сме дека станува збор за силен противник кој во минатиот циклус со голема леснотија ги совлада и Русија дома и Естонија во Талин. Седум од основните осум играчи кои настапија на тие два натпревари се тука. Затоа може да очекуваме идентичен стил на игра како во февруари. Направивме анализа, подобро речено, скаутинг.

Верувам дека ќе најдеме одговор за нивната игра. Без разлика што играме против фаворитот број 1 во нашата група, со сигурност нема да излеземе ниту со преголем респект кон противникот, а најмалку со кренато бело знаме.

Впрочем, синоќешната победа над Данска против огромниот фаворит Литванија, и тоа на домашен терен, ни дава за право да се надеваме на добар резултат. Ќе треба да го сопреме нивното најсилно оружје, а тоа е шутот за три поени, пред сè, на четворицата нивни најдобри играчи, Дела Вале, Морети, Витали и Ричи.

Фактот дека Италија е директно пласирана на ЕП им дава можност да играат без голем психолошки притисок, слободно, со многу шутирање, дури и во транзиција, затоа нашиот главен фокус треба да биде токму во таа насока, вели селекторот на Македонија, Александар Тодоров.

По две кола во Б групата Италија е лидер со максимален учинок, Русија и Естонија имаат по една победа, а Македонија е последна со два порази на стартните два меча.

Во овој циклус од две кола се игра во балон во Талин, а по мечот со Италија, денеска од 15 часот, ќе играме и со Естонците во понеделник од 19.30 часот.

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести