33.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Италија финалист на СП во ватерполо

Кога веќе ја изненадија домашната Унгарија во четвртфиналето, Италијанците немаа проблем да ја победат и Грција во полуфиналето на Светското првенство во ватерполо за мажи.

Аѕурите дуелот со нашите јужни соседи го добија со 11-10, но постојано имаа контрола врз резултатот. Грција не водеше ниту еднаш.

Италија е актуелен светски првак од претходното СП во 2019 година, па во Будимпешта ја брани титулата. Противник во мечот за злато ќе им биде Хрватска или Шпанија. Ако победат Шпанците, ќе има реприза од финалето на претходното СП.

- Оглас -

Најнови вести