Италија го доби најмладиот стрелец во историјата во мечот на кој потсети на срамот од Југославија пред 65 години

Само со две победи во последните девет одиграни натпревари, италијанската фудбалска репрезентација дефинитивно е во криза. Во последниве 14 дена, Италија одигра дури пет средби, а победи само против Унгарија со 2:1, а претрпе два тешки порази, и тоа од Аргентина со 0:3 и синоќа од Германија со 5:2.

На дуелот против Германија, Италија првпат по повеќе од 65 години се случи да прими пет гола на еден натпревар. Аѕурите немаа примено 5+ погодоци во еден дуел уште од мај 1957 година, кога беа посрамотени од Југославија и загубија со 6:1.

Единствена светла точка од синоќешниот дебакл против Германија е играта на тинејџерот Вилфред Гнонто. Тој доби шанса да заигра во стартниот состав и успеа да постигне гол со кој се запиша во историјата на италијанскиот фудбал.

Со 18 години и 222 дена, Гнонто е најмладиот стрелец во историјата на италијанската фудбалска репрезентација надминувајќи го рекордот на Бруно Никол од 1958 година, кога постигнал погодок со 18 години и 259 денови.

- Оглас -

Најнови вести