Италија го доби најстариот играч со хет-трик во Серија А

Еден од повозбудливите натпревари денес во Серија А беше дуелот меѓу Болоња и Фиорентина во кој се делеа бодовите при одлични 3-3.

Историја се испиша во овој меч по хет-трикот на Родриго Паласио, кој стана најстар играч во италијанското првенство со ваков учинок, а го постигна на 39 години и 86 дена.

Паласио во три наврати ја спасуваше Болоња од негатива, а со неговиот трет гол во 84-тата минута ги постави конечните 3-3 на „Ренато Дал’ара“ стадионот во Болоња.

- Оглас -

Најнови вести