Италија и Франција со победи ќе патуваат на ЕП, интересно ќе биде и на другите континенти (Фото)

6757 – Италија – Босна и Херцеговина (20:45)

Репрезентацијата на Италија направи кикс на првиот подготвителен меч пред Европското првенство, па шанса за поправен, но и можност на континенталниот собир да патува со победа ќе има денес против Босна и Херцеговина. Италијанците немаат друг избор освен да победат на генералката и така да ја кренат самодовербата пред настапот во Германија, но и да им докажат на навивачите дека имаат капацитет за добар резултат на Европското првенство. Италија и БиХ имаат одиграно четири меѓусебни натпревари, на кои италијанците се радувале трипати, а само еден меч завршил без победник.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (1.76)

 

6774 – Франција – Канада (21:15)

Франција е апсолутен фаворит против Канада и се освен убедлива победа ќе биде големо изненадување. На првиот подготвителен натпревар во јунсиот прозорец, Франција го победи Луксембург со 3-0, додека Канада загуби од Холандија со 4-0, па сличен резултат се очекува и денес во корист на французите.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (1.92)

 

6758 – Словачка – Велс (20:45)

Словачка и Велс имаат одиграно вкупно пет меѓусебни натпревари, а само еднаш немало најмалку два гола. Словачка е во серија од пет натпревари на кои се постигнати минимум два гола. Велс нема да учествува на Европското првенство, па овие контролни натпревари се одлична можност за нив да го тестираат квалитетот, но и да одиграат ефикасно, со оглед на значењето на мечот.

Предлог тип: : 1-3I&1-3II (2.21)

 

5849 – ДР Конго – Того (18:00)

Во Африка веќе се игра главната фаза од квалификациите на Светското првенство во 2026-тата, а групата во која се ДР Конго и Того е прилично заплеткана. Домашните се фаворити за победата, а во досегашните девет натпревари против Того имаат шест победи, две нерешени и само еден пораз. ДР Конго со победа на денешниот натпревар ќе се истакне како еден од најсериозните кандидати за пласман на Мундијалот.

Предлог тип: 1 & 1+ пол. (2.06)

 

5852 – Бермуда – Хондурас (01:00)

Репрезентацијата на Хондурас е фаворит број 1 во својата група од втората рунда од квалификациите за Светското првенство во зоната КОНКАКАФ, додека за Бермуда и пласманот во овој дел од квалификациите е успех. Гостите се големи фаворити, но головите ќе биде она што ќе го одбележат овој натпревар.

Предлог тип: 4+ (1.94)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести