Италија и Холандија очекуваат да се радуваат на Мундијалот за жени

Мариехам – Хелсинки (17 ч.)

Гостите треба да го покажат своето реноме, иако во досегашниот дел од првенството во Финска, Хелсинки делува неубедливо. На последните 15 меѓусебни дуели Хелсинки има 11 победи, а четири средби завршиле нерешено. Ова е дуел кој нуди можност за погодоци.

Мариехам на пет меча сезонава на свој терен има гол разлика 7:7, што е само уште една потврда дека треба има погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.00) – квота на денот во Spot Life

 

Италија (Ж) – Кина (Ж) (18 ч.)

Италијанките се големи фаворитки во овој дуел од осминафиналето на Светското првенство за жени. Кина помина во нокаут фазата со неверојатна гол разлика од само еден даден и еден примен гол, во три меча, што само покажува колку играат цврсто во одбраната, а речиси и воопшто не помислуваат да нападнат. Сигурно и сега главна стратегија ќе им биде да остане 0:0, а потоа по продолженија и пенали да се обидат да направат чудо.

Сепак, Италијанките се многу искусни за да дозволат луксуз, па се очекува победа на Аѕурите.

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.25) – квота на денот во Spot Life

 

Гана – Бенин (22 ч.)

Меч од првото коло во Ф групата со кое треба да се комплетира воведната рунда на Афрканскиот куп на нации. Гана ја има улогата на фаворит и треба да стартува со победа. Освен за „кец“, и одличен е коефициентот за играње на голови на Гана.

Условот за добитна прогноза е Гана да даде најмалку еден гол во првото полувреме, а на крајот да има постигнато два погодоци.

Предлог тип: Т1 1+I & Т1 2+ (2.65) – квота на денот во Spot Life

 

Фероникели – Линколн (20:45 ч.)

Во Косово дефинитивно владее фудбалска еуфорија, посебно по успесите на националниот тим во квалификациите за ЕП 2020. Фероникели тоа треба да го искористи, а фактот дека против себе има ривал од Гибралтар е добра најава за победа на домаќините.

Ова е меч од првото квалификациско коло во Лигата на шампиони, каде играат само прваците на најслабите земји.

Предлог тип: 1-1 (2.25)

 

Холандија (Ж) – Јапонија (Ж)

Холанѓанките едноставно ја прелетаа групата на Мундијалот за жени. Со три победи и максимални 9 бодови го очекуваат мечот против Јапонија, која даде само два гола и тоа беше доволно да се избори за место во нокаут фазата. Кога се работи за само еден меч, мотивот е голем и е можно изненадување.

Јапонија сигурно нема да се предаде без борба, па затоа се очекува овојпат да има погодоци на двете страни.

Предлог тип: ГГ 3+ (2.55)

 

- Оглас -

Најнови вести