-4.2 C
Skopje
петок, 9 јануари 2026

Италија има шанси да оди директно на СП, во последното коло треба да ја победи Норвешка „само“ со 9:0

Италијанската фудбалска репрезентација ги пропушти последните две светски првенства. Аѕурите, кои имаат четири светски трофеи, не беа дел од Мундијалите во 2018 и 2022 година, а сега се во опасност да не играат и на планетарниот собир и во 2026 година.

Италија вечерва со 2:0 победи на гости кај Молдавија, но тоа е доволно за Аѕруите да стигнат до 18 бода од седум меча и доволно за второто место во групата, каде што Норвешка е лидер со максимални 21 бод.

Во последното коло Италија на свој терен ја пречекува Норвешка, но Аѕурите имаат само теоретски шанси да дојдат до првото место. Норвешка има одлична гол-разлика од 33 дадени и само четири примени гола (плус 29), додека Италија е со гол-разлика од 20 дадени и осум примени гола (плус 12).

Тоа знач дека Италија за да оди на Мундијалот во САД, Канада и Мексико, во последното коло на свој терен ќе треба да ја победи Норвешка со неверојатен резултат од 9:0 или друг резултат со девет или повеќе разлика во корист на некогашниот светски првак.

- Оглас -

Најнови вести