Вечерта во квалификациите за СП донесе вистински спектакли на европските терени.
Највозбудливиот натпревар се одигра во Дебрецен, каде Италија во драматичен дуел со 5-4 го совлада Израел. По 1-1 на полувреме, за само седум минути следуваа три погодоци, Перец за Израел, а Кин и Политано за Aѕурите, за 2-3 во 59-тата минута. Р
аспадори зголеми на 2-4 во 81-та минута, но Израел одговори со автогол на Бастони и уште еден погодок на Перец за неверојатни 4-4 во 89-та минута. Сепак, само една минута подоцна, Тонали стрелаше за конечна победа на тимот на Гатузо.
Големо изненадување донесе Косово, откако во Приштина ја совлада Шведска со 2-0. Домашните го решија дуелот уште во првиот дел со головите на Елвис Реџбекај и Ведад Муричи, а Ѓокереш, Исак и Еланга останаа без муниција.
Во балканското дерби, Хрватска ја декласира Црна Гора со 4-0, а победи запишаа и Шкотска против Белорусија (2-0), Фарските Острови над Гибралтар (1-0), Данска со Грција (3-0) и Швајцарија со Словенија (3-0).