Италија ја запамти Македонија по мечевите во Торино и Палермо, сега на ред е тоа да се случи и во Рим (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација отпатува кон Рим, каде в петок ќе игра против домаќинот Италија во меч од квалификациите за пласман на Европско првенство 2024. Нашата селекција нема шанси за пласман на завршницата, но за Италија ова е многу важен меч.

Аѕурите се во борба за второто место во групата, каде што моментално е Украина со 13 бода од седум меча, додека Италија е со 10 бода од шест средби. Македонија има позитивни искуства од гостувањата кај Италија.

Досега двапати имаме играно против четирикратниот светски првак и актуелен европски владетел и имаме победа и реми. Пред една и пол година ги шокиравме домаќините со победа од 1:0 во Палермо, во баражот за пласман на СП 2022 во Катар.

Претходно, во 2017 година, на теренот во Торино, Италија и Македонија одиграа 1:1. Сега Италија се надева дека ќе има „трета среќа“ за да ја победи Македонија на свој терен, додека нашата репрезентација оди на „хет-трик“ и трет пат по ред да ги шокира фаворизираните домаќини.

- Оглас -

Најнови вести