Фудбалската репрезентација на Италија на класичен италијански начин обезбеди пласман на Европското првенство, им требаше реми со Украина и одиграа 0-0, па Аѕурите ќе имаат прилика догодина во Германија да го одбранат златото кое го освоија во летото 2021 година.
Иако е некогашен светски и актуелен европски првак, големата Италија најверојатно ќе биде сместена во последниот четврти шешир при ждрепката за групите на ЕП. За тоа да се случи, вечерва треба Хрватска да ја победи Ерменија.
Ако победат Хрватите, тие ќе бидат во третиот шешир, а Италија ќе се најде во четвртиот, заедно со Србија, Швајцарија или Романија, и трите тима кои ќе се пласираат на ЕП преку баражите.
За првите носители веќе нема дилеми, сите места се пополнети. Во првиот шешир ќе бидат домаќинот Германија, потоа Португалија, Франција, Шпанија, Белгија и Англија.